ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?
Чешка нема загубено два меча во низа на стартот од фудбалски мундијал од осамостојувањето на оваа држава.
Чесите имаат само една победа на последните седум средби на СП (две реми и четири порази).
Ниту еден од последните десет меча на Јужна Африка на СП не завршил 0-0.
На последните пет мундијалски натпревари на Швајцарија против ривали од Европа во просек биле постигнувани над 4,5 голови по натпревар.
Фудбалерите на БиХ добија најмалку по два жолти картони на секој од последните осум официјални натпревари на оваа селекција.
Десет од последните 11 средби на Канада завршиле 0-2 гола. Пет од последните шест средби на Катар завршиле 0-2 гола.
Канада ќе „притиска“ да биде прва во групата, мотив плус е фактот дека средбите од 1/16 финалето и од 1/8 финалето победникот на оваа група ќе ги игра во Ванкувер.
Мексико има скор од три победи и едно реми на последните четири дуели со селекцијата на Јужна Кореја, две победи на двете средби со овој ривал одиграни на фудбалските мундијали (последната во 2018 година).
Мексико досега одиграл пет меча на мундијалите против ривали од Азија – и има пет победи.
Јужна Кореја никогаш не победила ривал од Конкакаф зоната (едно реми, два порази).
Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари
Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.
Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!
Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
