Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?
Ова е прво мундијалско финале во кое се среќаваат актуелниот шампион на Европа со актуелниот првак на Јужна Америка.
Шпанија е првата репрезентација во мундијалската историја што не примила гол на шест меча од едно СП.
Шпанците досега имаат пет победи на шесте финалиња на големите натпреварувања (единствен пораз е оној на ЕП 1984). Шпанија има четири победи на четирите одиграни финалиња во 21. век.
Шпанија е без пораз на последните 37 средби (ако не се гледаат продолженија и пенали), со скор од 27 победи и 10 реми. Ако успее да слави вечерва, Шпанија ќе стане европска селекција со најдолга серија на непобедливост.
Во меѓусебните дуели, Шпанија и Аргентина имаат по шест победи, со две нерешени средби. Аргентина славеше на единствениот мундијалски дуел на овие ривали, со 2-1 во далечната 1966 година.
Последниот меч меѓу Шпанија и Аргентина беше одигран во 2018 година, пријателски дуел на кој „црвената фурија“ ги прегази „гаучосите“ со 6-1.
Три од четирите средби на Аргентина во нокаут фазата на овој мундијал завршија нерешено, па „гаучосите“ славеа по продолженија и со Зеленортските острови и со Египет и со Швајцарија, додека триумфот над Англија беше осигуран со гол во 92. минута.
Аргентинците се во серија од 14 победи во низа (ако се земат во предвид и продолженијата), најдолга победничка серија на една јужноамериканска репрезентација во историјата.
Италија е единствената репрезентација во историјата што стигнала до две светски титули во низа (1934 и 1938 година), успех што Аргентина ќе се обиде да го повтори со триумф во ова финале.
Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари
Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.
Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!
Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
