Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?
Шпанија има само еден пораз на мундијалите од ривал од Африка, и тоа од Нигерија на СП 1998.
Зеленортските острови имаат само еден пораз на последните 13 дуели со противници од Европа (пет победи, седум реми).
Ова е четврто учество на СП за Египет, а „фараоните“ досега се немаат израдувано на ниту една победа на светските шампионати.
Египет има три победи на последните четири дуели со Белгија, последниот како загревање за СП 2022.

При последните осум победи на Белгија, на седум од овие средби „црвените ѓаволи“ постигнаа најмалку четири погодоци.
Уругвај допатува на СП 2026 без ниту еден фудбалер од домашното првенство, нешто што за првпат се случува во историјата н оваа репрезентација.
Кавани и Суарез нема да го предводат нападот на оваа селекција. Неефикасноста беше проблем во подготовките, Уругвај постигна само два гола на последните четири средби, не победувајќи на ниту една од нив (три реми и еден пораз).
Уругвај и Саудиска Арабија се сретнаа во групната фаза од СП 2018, меч што заврши 1-0 за Уругвајците.
Последните осум гола на Иран на СП беа постигнати во вторите полувремиња од натпреварите, дури пет од нив во судиското продолжение.
Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари
Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.
Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!
Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
