Фудбалската федерација на Италија го откри медицинскиот протокол за продолжување на сезоната во Серија А. Сите мерки треба дефинитивно да бидат потврдени на состанок закажан за в четврток, а министерот за спорт Виченцо Спадафора ги откри двата датуми кои се во опција за враќање на мечевите во Серија А.
„Се работи на два датуми за продолжување на сезоната, тоа се 13 јуни и 20 јуни. Протоколот за продолжување на првенството е веќе утврден и тој е сличен на протоколот кој се користи и за сегашните тренинзи. Во четврток ќе биде донесена конечна одлука“, изјави министерот Спадафора.
Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот во Италија се подобрува и очекувањата се да продолжи првенството во Серија А во средината на јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА