Спахиќ успешно се опоравува по сообраќајната несреќа (ФОТО)

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Босна и Херцеговина доживеа сообраќајна несреќа во која се здоби со повреда на градниот кош и бубрезите.

Спахиќ беше на оперативен зафат во Сараево, а неговата здравствена состојба во моментов е добра, поради што дозволено му е лечењето да го продолжи во родниот Дубровник. Одличната состојба беше потврдена и со фотографијата која ја објави физиотерапевтот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Исмар Хаџибајриќ кој е одличен пријател со поранешниот капитен.

 

Се вчитува...