Спал ја изненади „волчицата“ среде Рим

Спал ја прекина серијата од четири последовни порази и триумфираше на „Олимпико“ против Рома со 0-2. Гостите поведоа од пенал, со погодокот на Андреа Петања во 38.минута, а Кевин Бонифаци зголеми на 0-2 во 56.минута.

Во последните 15 минути, Спал играше и со играч помалку поради исклучувањето на голмнанот Вања Милинковиќ – Савиќ, но и неговата замена Гомис успеа да ја сочува мрежата.

Се вчитува...