Спалети: Малдини сам има пет титули, секогаш е тешко против Милан во ЛШ

Наполи мина добро при ждрепката за четвртфиналето од Лигата на Шампиони откако за ривал го доби Милан, противник со кого тимот на нашиот Елиф Елмас добро се справува.

Сепак, тренерот Лучијано Спалети потсети на реномето на Милан во Лигата на Шампионите, предупредувајќи ги своите избраници дека претстојниот двомеч ќе биде многу поразличен од вообичаените дуели на овие екипи во домашното првенство.

„Цело време слушаме како ПСЖ и Манчестер Сити се мачат бидејќи немале искуство во ЛШ. А ние налетавме на противник што знае како се освојува трофејот, па само Малдини има пет пехари во Лигата на Шампионите. Тие го победија Тотенхем и јасно е дека нема да ни биде лесно. Да бидам искрен, не посакував италијански противник, без оглед на фактот што добро ги познаваме. Ривалот што го добивме не е нималку лесен, ќе мораме да одиграме на највисоко можно ниво ако сакаме да се пласираме натаму“, изјави Спалети.

Се вчитува...