Спалети му одговори на Гвардиола: Тој се обидува само да не поремети и да го префрли притисокот на нас…!

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети одговори на прозивките на Пеп Гвардиола на неговиот клуб, потенцирајќи дека тоа е само една обична психолошка игра со желба на Гвардиола да го стави притисокот врз Наполи.

Пеп Гвардиола изминативе денови изјави дека Наполи е најдобриот тим во Европа, со отворена фаворитска улога кон титулата во Лигата на шампионите.

„Не се чувствувам горд на овие коментари. Знам дека тоа е само обична игра и ривалите се обидуваат да стават притисок врз нас“ – вели Спалети по синоќешната нова убедлива победа, и дополнува:

„Мислите сериозно дека Наполи може да се стави пред Манчестер Сити? Тие со потрошени 900 милиони евра, а ние со 9 милиони! Јасно е дека тоа се само обични игри, зборови со кои се обидуваат да не пореметат и потоа да не срушат.“

Се вчитува...