Спалети на чело на Интер до 2021 година

Интер беше максимално активен на фудбалскиот пазар летово, доведувајќи квалитетни засилувања како Наинголан, Мартинез, Де Фрај, Кеита… а челниците на клубот пред стартот на сезоната долгорочно го решија и тренерското прашање потпишувајќи нов договор со Лучијано Спалети. Одличниот стратег во својата прва сезона по доаѓањето од Рома го одведе Интер во Лигата на шампионите, па сосема заслужено доби нов тригодишен договор под подобри финансиски услови.

„Би сакал да се заблагодарам на сите во клубот, пред се на сопствениците, кои ми го понудија овој нов договор. Овој потпис е само потврда на она што од претходно се знаеше, нашата желба да продолжиме заедно да се бориме за уште подобар пласман. Нашиот однос секогаш се базирал на максимална почит и меѓусебна доверба, заедно сакаме да им донесеме што поголеми радости на нашите верни навивачи“ – изјави Спалети по потписот на новиот договор, со важност до 2021 година.

Се вчитува...