Интер и понатаму е непоразен во Серија А, откако синоќа успеа да слави со 1-2 на гостувањето против Верона. По 11 кола, „нероаѕурите“ имаат ефект од девет победи и два порази, а тоа е подобар старт дури и од тимот на Интер што го предводеше Жозе Мурињо, во кој играше и Горан Пандев, што освои тројна круна.
Но, тренерот Лучијано Спалети останува цврсто на земја и вели дека не се залажува со рекордниот старт.
„Не. Мене не ме интересираат рекорди. Јас само сакам мојот тим да победува и затоа се подготвуваме на секој нареден натпревар. Драго ми е што повторно освоивме три бода, и секако годи кога не споредуваат со тимот што освои тројна круна. Но, да не се залажуваме, има уште многу да се игра до крајот на првенството, а ѓаволски тешко ќе биде да се одржи ваквиот победнички ритам. Одигравме добар натпревар против Верона, но и правевме грешки, што ќе треба да ги сведеме на минимум во наредниот период. Можеби сум перфекционист, но сакам тимот да функционира уште подобро“, изјави Спалети по триумфот над Верона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА