Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Интер, вечерва ќе му гостува на италијанскиот првак Јувентус во дербито на досегашниот тек од првенството. „Нероаѕурите“ се уште ја немаат почувствувано горчината на поразот, а тренерот Лучијано Спалети вели дека тој и фудбалерите воопшто не се исплашени од гостувањето во Торино.
„Нема од што да се плашиме, ова е само фудбал. Ние сме лидери на табелата, играме одлично, имаме голема самодоверба и во таков стил ќе го одиграме и вечерашниот дуел против Јувентус. Но, секако имаме огромен респект кон противникот. Не е тоа Јувентус кој сега е третопласиран на табелата, туку клуб кој доминира во Италија во последните години. Ние сме подготвени максимално за еден тежок и неизвесен дуел и се надеваме дека на крајот ќе се радуваме. Искрено, Масимилијано Алегри е еден од најдобрите тренери во светот и повеќе би се плашел од неговата тактика, отколку од тимот на Јувентус во целина“, изјави Спалети во пресрет на вечерашниот меч.
Дуелот меѓу Јувентус и Торино се игра на стадионот „Алијанц“ во Торино, со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА