Спалети: Овој Интер ме воодушевува

Интер со триумфот над Сампдорија (3-2) се искачи на првото место на табелата во Серија А во пресрет на денешниот дуел меѓу Џенова и Наполи. „Нероаѕурите“ имаат еден бод предност, но и меч повеќе, и се уште се без пораз во италијанскиот шампионат.

Тренерот Лучијано Спалети со пофални зборови се изрази за својот тим по победата над Самп.

„Овој Интер наивистина ме воодушевува. Најмногу од се, сум среќен поради односот на фудбалерите на теренот. Тие се подготвени да ја исполнат секоја задача и да ’гинат’ за дресот на овој клуб. Среќен сум што имам можност да работам со такви професионалци. Што се однесува до натпреварот, мислам дека заслужено победивме. Бевме подобар тим и ги освоивме трите бода“, изјави Спалети.

 

Се вчитува...