Новиот тренер на Јувентус, Лучано Спалети, ќе сака клубот да потпише играч од средниот ред за време на претстојниот зимски преоден рок, тврди „Газета дело Спорт“.
Играчот ќе биде од средниот ред, кој, сепак, ќе може да ги извршува функциите на подлабок плејмејкер кој може да помогне не само со топката, туку и со конструирањето на нападите, додавањата меѓу линиите и да го контролира темпото. Привлекувањето на вакви играчи не е лесна задача во современиот фудбал, но тимот веќе пронајде двајца такви играчи – Пјер – Емил Хојберг и Адриан Барнабе.
Данскиот интернационалец моментално е дел од Марсеј и е проценет на околу 20 милиони евра, а неговото евентуално привлекување нема да биде лесна задача. Шпанецот е играч на Парма и неговата цена е околу 15 милиони евра. Двајцата играчи играле под водство на Хозеп Гвардиола – Хојберг беше дел од Баерн кога Шпанецот беше тренер, а Барнабе дел од младинскиот тим на Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

