Спартак Суботица е нов член на АБА лигата!

Спартак Суботица е нов член на АБА регионалната лига од следната сезона.

Српскиот кошаркарски клуб во финалето од АБА 2 лигата вечерва славеше и во вториот натпревар против Војводина, овој пат со 80-74, по што се избори за место во најквалитетното регионално кошаркарско натпреварување.

Претходно, како што е познато, Спартак Суботица во полуфиналето на АБА 2 лигата го елиминираше македонскиот шампион МЗТ Скопје.

Се вчитува...