Спартак Суботица е шампион на „Скопје ајс фестивал“

Екипата на Спартак Суботица е освојувач на трофејот на овогодинешното издание на „Скопје ајс фестивал“, сосема заслужено откако српскиот претставник забележа победи на трите натпревари што ги одигра во изминатите три дена.

Во денешниот трет натпреварувачки ден Спартак се сретна со Торпедо и триумфираше со 3-0, додека македонскиот претставник Металург беше поразен со убедливи 1-11 од Славија Софија. Македонската екипа на крајот го освои третото место на овој турнир со скор од една победа и два порази.

За најдобар играч на „Скопје ајс фестивал“ беше избран Мартин Миланов од тимот на Славија Софија.

Се вчитува...