Спартак Суботица е изненадувачки нов шампион во кошаркарска Србија откако тимот предводен од Влада Јовановиќ триумфираше на фајналфор турнирот што изминатиот викенд се одржуваше во Ниш. Со тоа, Спартак стана прв тим по 1973 година што се искачува на тронот на српската кошарка, а тоа да не се великаните Црвена Звезда или Партизан.
Спартак во полуфиналето во драматична завршница ја совлада Црвена Звезда, а потоа во суперинтересното финале синоќа славеше и нд ФМП, по продолжение од пет минути со резултат 76-73. Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека Спартак имаше контрола во огромен дел од финалето, во последните пет минути влезе со предност од 13 поени, но во овој период тимот од Суботица не постигна ниту еден поен, а ФМП го искористи тоа и се избори за продолжение.
Во дополнителниот период се играше максимално израмнето, но кошаркарите на Спартак беа поумешни во клучните моменти и на крајот заслужено се радуваа на историскиот успех.
Хенлан беше најефикасен во победничкиот тим со 25 поени, 13 реализираше Дробњак, додека прв стрелец на ФМП во драматичниот пораз беше Барна со 27 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
