„Спартанците“ со помош на струмичани ќе бркаат злато во Европската сребрена лига

Македонската одбојкарска репрезентација денеска од 20 часот ќе се обиде да стигне до златниот медал во Европската сребрена лига. „Спартанците“ за противник во финалето ќе ја имаат селекцијата на Данска која вчера ја совлада Унгарија со 3-1.

На овој турнир „црвено-жолтите“ одиграа два спротивни дуели против Данците. Во првиот меѓусебен натпревар одигран во Струмица загубивме со 3-0, за потоа да славиме со идентичен резултат и на „реваншот“ на гостински терен.

„Црвено-жолтите“ во четвртиот обид да стигнат до злато и пласман во Европската златна лига ќе ја имаат поддршката од публиката во „Парк“, која беше седми играч на полуфиналниот меч против Хрватска.

Се вчитува...