СПАСИБО: Македонија ќе игра „мајсторка“ – Русија ја совлада Естонија

„Невозможната“ мисија на македонската кошаркарска репрезентација за пласман на Европското првенство ќе кулминира утре бидејќи Русија ни направи услуга со тоа што денеска ја совлада Естонија со 75-52. Домаќините на „балонот“ во Перм водството го одржуваа речиси цела средба, а одлична последна четвртина донесе убедлива победа.

Евгениј Бабурин ја предводеше „Зборнаја“ со 14 поени и 5 скока, додека Андреј Воронсевич додаде 13 поени и 7 скока. Кај Естонците единствен двоцифрен со 10 поени и 5 скока беше Јанари Јоесар.

Селекторот на Естонија им даде одмор на клучните играчи пред утрешната „мајсторка“ со Македонија, па „сино-белите“ ќе влезат во дуелот со доза на свежина во однос на нашата репрезентација. Натпреварот кој ќе го одлучи патникот на Европското првенство е со почеток од 15 часот. Како потсетување за Македонија да избори место помеѓу најдобрите репрезентации на „стариот континент“ мора да слави со двоцифрена разлика.

Се вчитува...