Спасот за Барселона доаѓа од Дубаи

Екипата на Барселона е во тешка финансиска ситуација, a долговите на каталонскиот гигант надминаа една и пол милијарда евра. Поради ваквата ситуација, овој клуб беше принуден да ги намали платите на апсолутно сите во клубот, а скапите засилувања станаа само сон за тимот од „Камп Ноу“.

Сепак, шпанските медиуми тврдат дека потенцијалниот спас за Барселона доаѓа од Дубаи.

Компанија од Обединетите Арапски Емирати и понудила на Барселона опција за отплата на долговите, кои буквално ќе исчезнат преку ноќ. Според договорот што е понуден, компанијата од Дубаи ќе го отплати целиот долг на Барса од една и пол милијарда евра, а тимот од „Камп Ноу“ ќе ги врати овие пари во наредните години со многу ниски каматни стапки на годишно ниво.

Исто така, на Барселона и е понудена можноста да биде ослободена од плаќање на долгот кон оваа компанија две години, со можност овој период да се продолжи до 12 години. Раководството на каталонскиот клуб се уште не одговорило на понудата. Претседателот на Барса, Жоан Лапорта сериозно ги разгледува сите опции и многу брзо ќе се донесе конечна одлука.

Барселона остана без Лионел Меси поради финансиски проблеми во изминатиот период. Новите играчи едвај беа регистрирани и речиси сите играчи мораа да се согласат на намалување на платата од неколку милиони евра.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Barcelona (@fcbarcelona)

 

Се вчитува...