Кошаркарите на Милвоки ќе играа во финалето на Истокот во НБА лигата откако во драматичен натпревар го елиминира Бруклин, славејќи во седмиот меч со 111-115.
Во драматичен и неизвесен меч од мајсторката, Милвоки во последните секунди влезе со предност од два поени, но Кевин Дурант на две секунди пред крајот постигнува кош за 109-109, па го носи мечот кон продолженија.
Дополнителните пет минути донесоа одлична игра во одбраната, промашувања и само осум поени. Дурант во одлучувачките моменти промаши два шута, додека на спротивната страна Крис Мидлтон и Брук Лопез погодија за голема и изненадувачка победа на Милвоки.
Дурант беше најдобар поединец на мечот со 48 поени, а имаше поддршка и од Харден со 22 поени. Сепак, неиграњето на Ирвинг се покажа како голем хендикеп.
На спротивната страна Јанис Антедукомбо со 40 поени и 13 скока предводеше, заедно со Мидлтон со 23 поени и 10 скока.
Милвоки се уште го чека својот противник во финалето на Истокот. Во мајсторката од полуфиналето ќе играат Атланта и Филаделфија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА