Спектакл на Хунгароринг: Супер-победа на Ферстапен пред феноменалниот Хамилтон, колапс на Ферари

Вистински спектакл на Хунгароринг за Големата награда на Унгарија во Формула 1.

Голема победа на Макс Ферстапен кој од десетата позиција, во повеќе од драматичната трка со прекини и дождливо време, заврши пред феноменалната двојка на Мерцедес, Хамилтон и Расел. Хамилтон зад себе остави одлична трка со спектакуларни минувања за втора позиција на крај.

Тотален колапс на Ферари, кој со уште една лоша тактика остава уште една трка. На четвртата позиција заврши Сајнс, пред Перез.

Најголемиот конкурент на холандскиот возач во генералниот пласман, Леклер од Ферари, заврши дури како шести. Верстапен останува прв со 258 бодови, пред конкурентот од Монако и Серхио Перез.

Се вчитува...