Спектакл на „Вембли“: Ентони Џошуа го испрати на подот Владимир Кличко

Ентони Џошуа е нов светски првак во тешка категорија и сопственик на ремените во ИБФ, ВБА и ИБО, откако во 11.рунда со нокаут го совлада легендарниот украински боксер Владимир Кличко. Во фантастичен боксерски спектакл на стадионот „Вембли“ во Лондон, пред 90.000 гледачи, двајцата боксери покажаа неверојатна борба, а на крајот сепак победи помладиот и подобро подготвениот Џошуа.

dzosua i klicko

Во 11.рунда, Џошуа нападна жестоко, со аперкат го урна на подот Кличко, но тој успеа да се опорави во прв момент. По ова, Џошуа продолжи со нападите, Кличко уште еднаш беше во големи проблеми, а третиот пат судијата во рингот и дефинитивно го прекина мечот.

По првите четири воведни борби и испитувањето на силите, Ентони Џошуа прв му зададе силни проблеми на Кличко. Го испрати на подот, но тој издржа и се врати. Веќе во следната рунда, со силен и прецизен директ, Украинецот го здрма Џошуа, а судијата му броеше. Сепак, и Џошуа остана на нозе и го продолжи мечот.

Следеа неколку рунди на консолидирање, а потоа конечниот удар го зададе Ентони Џошуа. Владимир Кличко, кој во кариерата има 64 победи, од кои 53 со нокаут, најверојатно со ова и ја завршува својата кариера. Џошуа стигна и до 19.победа со нокаут и најверојатно долго ќе владее со светскиот бокс.

Се вчитува...