Двата гола на Хари Кејн не беа доволни за Англија да дојде до предност на полувремето, затоа што Хрватска успеа двапати да се врати и да дојде до 2-2 по првите 45. минути.
Англија од првата сериозна шанса дојде до предност. Модриќ стартуваше над Мадуеке, па првиот обид од пенал на Кејн го одбрани Ливаковиќ, но предвреме ја напуштил гол линијата, па ударот беше повторен, а Кејн не греши вторпат.
Хрватите израмнија во 36. минута. Една повратна топка, и Мартин Батурина успеа да постигне прекрасен гол за „егал“ во дуелот со фаворизираниот противник.
Нова предност за Англичаните, откако Рајс изведе корнер, а Кејн со глава го совлада Ливаковиќ.
Сепак, Муса во последните секунди од првиот дел ја казни грешката на одбраната на Англија, и донесе нерешено после првиот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
