Спектакл во најава: Хабиб и Конор во нова пресметка во 2019 година

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, е оптимист дека ќе успее да договори нова борба меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор што ќе се случи во текот на 2019 година. Инцидентите што се случија при последниот дуел на двајцата борци придонесе да дојде до огромен раст во публицитетот на овој спорт, па сега сите со нетрпение очекуваат нова битка меѓу дагестанскиот и ирскиот ас.

И двајцата борци ги очекува суспензија од страна на УФЦ, но се очекува истата да биде подолга од шест месеци, по што ќе може да биде закажн нивни дуел во вториот дел од 2019 година.

„Работиме за да дојде до нова битка меѓу Хабиб и Конор. Ако не дојде до компликации во последен момент, оваа борба треба да се случи во текот на годинава“ – изјави Дана Вајт.

Се вчитува...