Спектакуларна асистенција на Нуркиќ: Во „НФЛ-стил“ преку цел терен (ВИДЕО)

Јусуф Нуркиќ одигра одличен натпревар во победата на Портланд над Јута од 105-98.

Босанецот заврши со дабл-дабл ефект од 11 поени и 15 скока, но запиша и шест асистенции, пет блокади и имаше три украдени топки.

Сепак, неговата одлична вечер беше одбележана со спектакуларната асистенција на МекКалум во последните секунди од првото полувреме. Нуркиќ изведе топка од под својот кош, во НФЛ „стил“ пронаоѓајќи го МекКалум на спротивната страна. Феноменално….

 

Се вчитува...