Спектакуларна партија на Кари, меч на сезоната за Богдановиќ, Лејкерси разочараа (ВИДЕО)

Актуелниот НБА-шампион, ЛА Лејкерс повторно ги разочара своите навивачи со пораз од Њујорк од 111-96.

Њујорк со пресврт дојде до победата во второто полувреме, на крајот успевајќи да триумфираат и со 15 поени разлика. Најдобар во победничкиот тим беше Рендл со 34 поени, дополнети и со 10 скока и четири асистенции. Кај Лејкерс се издвои Шродер со 21 поен.

Голден стејт славеше со 116-107 против Денвер на крилјата на Стеф Кари кој одигра неверојатен меч со постигнати дури 53 поени, дополнети и со шест скока и четири асистенции. Кари синоќа го собори и рекордот на Вилт Чемберлен престигнувајќи го на листата на најдобрите стрелци со 17.783 поени.

Бојан Богдановиќ го одигра натпреварот на сезоната во тесниот пораз на Јута од Вашингтон со 125-121. Богдановиќ постигна 33 поени, со пет скока и една асистенција.

Се вчитува...