Специјална тактика: Како да се запре Меси од слободен удар?

Лионел Меси важи за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светскиот фудбал, но Реал Сосиедад најде начин да ја неутрализира оваа опасност со специјална тактика – помалку играчи во живиот ѕид, повеќе пред самиот гол.

Аргентинецот доби слободен удар од идеална позиција од дваесетина метри, но и самиот се изненади откако во жив ѕид застанаа тројца гостински играчи, а дури шестмина се распоредија зад ѕидот, покривајќи различни агли од голот. Меси се обиде да ја смести топката во мрежата, но не успеа, еден од фудбалерите на Реал се најде на вистинско место и ја врати назад во поле.

„Знаеме за што е способен Лео, тоа беше наш начин да го изненадиме. Вежбавме за време на тренинзите изминатата седмица и одлично се снајдовме кога беше неопходно“, изјави тренерот на Реал Сосиедад.

Се вчитува...