Спировски дебитираше за Ференцварош: Одличен почеток во новиот клуб!

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски имаше одлично деби во дресот на својот нов клуб, унгарскиот Ференцварош.

Во дербито на колото во унгарската Прва лига, Ференцварош славеше против градскиот ривал Вашаш, во чии редови настапи Кире Ристевски, со 5-2. Спировски го одигра целиот натпревар за Ференцварош потврдувајќи дека ќе биде големо засилување во средниот ред за тимот, во новата сезона…

„Среќен сум за убедливата победа. Сигурно не можев да посакам подобар почеток за Ференцварош. Верувам дека ќе ги исполниме очекувањата на нашите навивачи и оваа сезона ќе се бориме за највисок пласман во лигата“ – истакна Спировски по вчерашниот меч.

Се вчитува...