Спировски и Тричковски го урнаа АПОЕЛ

Стефан Спировски и Иван Тричковски го водеа АЕК Ларнака до убедлива победа од 3-0 над АПОЕЛ во второто коло од шампионатот на Кипар.

Спировски во 7. минута донесе водство за домаќините, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Абрахам во 55. минута зголеми на 2-0, а во листата на стрелците се запиша и Иван Тричковски кој во 72. ги постави конечните 3-0.

АЕК по две кола се наоѓа на првата позиција на првенствената табела со максимални шест освоени бода.

 

Се вчитува...