Спировски и Тричковски неизвесни, но влегоа на списокот на Ангеловски

Стефан Спировски и Иван Тричковски се наоѓаат на списокот на селекторот Игор Ангеловски за првите два квалификациски натпревари за ЕП 2020 против Летонија на домашен терен и против Словенија на гости, но нивниот настап е крајно неизвесен. И двајцата се жалат на повреди и ќе треба да минат низ детални лекарски прегледи до крајот на оваа седмица, по што ќе биде познато дали ќе можат да дадат придонес за националниот тим. Спировски има болки во коленото, а Тричковски се мачи со повреда на листот на ногата.

Поради повреда ќе го нема и Аријан Адеми, кој направи хируршки зафат на стомачниот ѕид веднаш по натпреварот меѓу Динамо Загреб и Бенфика.

Во националниот тим се враќа Дарко Велковски во одбраната, тој конечно заигра за Ријека и ќе биде значајно освежување на централната стоперска позиција. Ангеловски ќе упати повик и за Кире Маркоски, Крсте Велковски и за младиот Дарко Чурлинов.

На голманските позиции ќе бидат Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Дени Илиев.

Одбраната ќе ја сочинуваат Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Кристијан Тошевски и Езгјан Алиоски, во средниот ред се Елиф Елмас, Енис Барди, Бобан Николов, Ферхан Хасани, Кире Маркоски и младиот Дарко Чурлинов, а во нападот капитенот Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски и Крсте Велковски.

Се вчитува...