Спировски ќе биде подготвен до стартот на квалификациите за ЕП 2020

Позитивни вести за македонскиот селектор Игор Ангеловски пред собирот на националниот тим престојниов месец за квалификациите за ЕП 2020.

Стандардниот репрезентативец Стефан Спировски, по повредата која ја заработи во ноември минатата година, повторно е во стројот на унгарски Ференцварош.

Спировски повторно се врати на активните тренинзи на тимот па се очекува до средината на март да биде комплетно подготвен да одговори и на повикот на македонскиот селектор за пресметките со Летонија и со Словенија.

Се вчитува...