Спировски: Немам ништо против повторно да стрелам од 30 метри во Кратово

Вардар утре во рамките од 27. коло  во Првата македонска фудбалска лига гостува во Кратово на тимот на Силекс. Тоа ќе биде последниот натпревар од третиот круг во сезоната, по што потоа следуваат финалните девет натпревари до крајот на сезоната…

„Вардарци“ на последното гостување во оратово триумфираа со 1-3. Стрелец беше и Стефан Спировски. Играчот од средниот ред од слободен удар од триесетина метри успеа да постигне прекрасен погодок. Сега посакува реприза од тој натпревар.

„Би немал ништо против повторно да постигнам таков гол на истиот терен против истиот противник. Меѓутоа за мене најважно е Вардар да ги освои бодовите од оваа средба, без разлика кој ќе постигне гол“ – вели Спировски кој што надополнува дека посакува тимот да ја продолжи серијата на победи во првенството, која што трае пет натпревари.

„Јас и целиот тим на Вардар сакаме да ја продолжиме серијата на победи. Оваа предност која што ја направивме на табелата не смее да дозволи никакво опуштање во нашите редови, туку одиме максимално до крајот на сезоната, на победа како и на секој натпревар. Се надевам дека на утрешниот натпревар ќе оствариме нов триумф и дека ќе ги земеме бодовите од натпреварот со Силекс кој што на домашен терен може секого да победи. Сепак, ни ќе дадеме се од себе за уште една победа“ – вели Спировски.

Се вчитува...