Список за јулските квалификации: Кога нема резултат, Бајиќ со алиби – подмладување

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ го објави поширокиот список на играчи во пресрет на јулскиот квалификациски циклус.

Откако Македонија одигра катастрофално под водство на Бајиќ, претрпувајќи четири порази на првите четири средби и ги загуби шансите за пласман во следната квалификациска рунда, традиционално се премина кон следната фаза од создавањето на алиби – подмладување на репрезентацијата.

Покрај Дамјан Стојановски, кој уште пред претходниот циклус најави повлекување, овојпат во составот го нема ниту Андреј Магдевски. Зад одличниот плејмејкер е квалитетна сезона во Романија, но поради рехабилитација од повреда нема да биде дел од тимот во овие квалификации.

Така, на овој поширок список се најдоа и Рубин Стефано, Лука Савичевиќ, Митевски, Митревски, но и Димитар Иванов, талентираниот кошаркар кој ја преседе цела сезона на клупата на МЗТ Скопје, а сега е повикан во националниот тим.

Заслужен е повикот за Лука Стојановски по добрите игри во дресот на Академија ФМП и на Еуро Никел, а на поширокиот список за подмладување на селекторот се најде место и за Хот, Миловановиќ, Какруки, Андоноски, Симиќ, Маслинко…

Се вчитува...