Спонзорот на Шумахер ќе ја поддржи кариерата на неговиот син – Мик го има талентот на Михаел

Долгогодишниот личен спонзор на Михаел Шумахер, легендарниот ас на Формула 1 и седумкратен светски шампион, компанијата „Дојче Вермогенсбератунг“, ќе ја поддржува кариерата на неговиот син Мик Шумахер. 21-годишниот Германец полека го почнува патот до Формула 1 со тимот на Хас, откако стана дел од Академијата за млади возачи во Ферари и се етаблираше во мото-спортот освојувајќи титули во Формула 3 и Формула 2.

Така, заслужено, Мик ќе дебитира на 28. март во Формула 1, на трката за ГН на Бахреин, а германската инвестициска компанија ќе продолжи да го финансира семејството Шумахер. Сè започна во 1996 година, откако Михаел веќе ги освои првите две светски титули со Бенетон и кога се пресели во Ферари.

Од тој момент, до крајот на неговата кариера, логото на оваа компанија беше секогаш со него.

Се вчитува...