Спорни и дресовите на Украинците за ЕВРО 2020: Русија бара УЕФА да ги забрани (ФОТО)

Спорни и дресовите на Украина која е во групата со Македонија на ЕВРО 2020. Заменикот претседател на руската Дума, Дмитро Свишчев побара од УЕФА да се забранат дресовите на Украинците со кои треба да играат на Европското првенство поради апликациите со политички пораки.

Според Русите нема место за политика во спортот, а Украинците на своите дресови ја аплицирале Украина заедно со областите Крим, Донбас и Луганск, регионите кои се отцепија од оваа држава, што според Русите било спорно.

„УЕФА мора да ги забрани овие дресови. Ова е чист политички став, нешто што во фудбалот е забрането“ – истакна Свишчев.

Украина новите дресови ги дизајнираше специјално за Евро 2020, под мотото „слава на Украина“ и „слава на Хероите“.

Се вчитува...