Спортинг и без Аморим стана шампион на Португалија

Спортинг Лисабон е новиот шампион на Португалија. Во драматична завршница на првенството, тимот од Лисабон успеа да слави над Виторија Гимараеш во последното коло со 2-0, и да дојде до титула.

Иако сред сезона го загуби Рубен Аморим кој замина во Манчестер Јунајтед, сепак, успеа да дојде до титулата, и покрај тоа што имаше проблеми со резултатите при неговото заминување.

Бенфика е вторпласирана и ќе игра во квалификации за Лигата на шампионите, додека Порто како третопласиран ќе игра квалификации за пласман во Лигата на Европа.

Се вчитува...