Тадеј Погачар испиша историја во светскиот велосипедизам освојувајќи ја својата петта титула на Тур де Франс и израмнувајќи се со легендите Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигел Индурејн, единствените кои претходно петпати триумфирале на најпрестижната велосипедска трка.
Словенецот практично ја обезбеди победата во планинските етапи, а годинава запиша пет етапни триумфи и ја носеше жолтата маичка од шестата етапа па сè до крајот на трката.
Со вкупно 26 етапни победи на Тур де Франс, Погачар се искачи на четвртото место на вечната листа, зад Марк Кавендиш (35), Еди Меркс (34) и Бернар Ино (28). Воедно, со 70 дена во жолтата маичка ги надмина Мигел Индурејн и Крис Фрум, а пред него остануваат само Ино (75) и Меркс (96).
Дополнително, на само 27 години стана најмладиот велосипедист со пет титули на Тур де Франс, а постави уште два рекорди – седум последователни пласмани на подиумот на Тур и девет последователни Гранд Тур настапи завршени меѓу најдобрите тројца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
