Мареска: Манчестер Сити нема да ја повтори грешката на Манчестер Јунајтед по Фергусон

Новиот менаџер на Манчестер Сити, Енцо Мареска, е уверен дека клубот ќе остане на победничките патеки и по заминувањето на Пеп Гвардиола, отфрлајќи ги споредбите со Манчестер Јунајтед по ерата на Сер Алекс Фергусон.

Италијанецот го наследува Гвардиола, кој за десет години на „Етихад“ освои 20 трофеи и остави длабока трага во историјата на клубот. Многумина стравуваат дека Сити би можел да се соочи со сличен пад како Јунајтед, кој по заминувањето на Фергусон не успеа да се врати на шампионските височини.

Сепак, Мареска верува дека стабилната структура во клубот е гаранција за континуитет.

„Пеп е најдобриот тренер во светот во последните две децении, па нормално е што неговото наследување е голем предизвик. Историјата покажува дека по долг престој на еден менаџер секогаш има тешкотии, како што беше случајот со Манчестер Јунајтед. Но, Сити има одлична организација и токму тоа ми дава верба дека можеме успешно да ја продолжиме работата што се гради веќе 15 години“, изјави Мареска.

Се вчитува...