Спортинг ја одреди цената за Ристовски: Лацио мора да плати 7 милиони евра

Стефан Ристовски останува голема желба на Лацио, а раководството на Спортинг Лисабон е подготвено да даде зелено светло за заминување на Македонецот доколку португалскиот клуб ги исполни условите. А тие се отштета од седум милиони евра што римскиот клуб би требал да ги плати веќе во јануари за целосно да го откупи договорот на Ристовски со Спортинг, што е со важност до 2022 година.

„Лацијалите“ ја следат ситуацијата и веќе испратија понуда за позајмица на десниот бек до крајот на сезонава, со откуп на неговиот договор во текот на летото за сума од пет милиони евра. Португалците не сакаат ни да чујат за ваква варијанта и веднаш испратиле одговор до Лацио – одредувајќи ја цената што ќе мора да ја плати ако сака Ристовски да се пресели на „Олимпико“.

Одговорот на римјаните се очекува во наредните денови, а доколку не се договорат со Спортинг околу трансферот на Ристовски, челниците на Лацио вниманието ќе го насочат кон Запакоста од редовите на Челси.

 

Се вчитува...