Спортот за време на пандемија: Од „шпанската треска“ во 1918 до Ковид-19 во 2020 – нема разлика!

Спортот за време на пандемија – очигледно нема и не може да има голема разлика, без разлика на огромната технолошка модернизација на општеството. Факт е дека светот, и покрај развојот на науката и медицината, сосема идентично се однесува во актуелното справување со пандемијата на коронавирусот како и со пандемиите од претходните векови.

Најголемата епидемија во историјата предизвикана од шпанската треска во 1918 година, се претпоставува дека усмрти околу 50 милиони луѓе во периодот помеѓу 1918 и 1919 година. Безмалку една третина од тогашната светска популација била инфицирана, односно околу 500 милиони луѓе. Но, спортот и тогаш, како и сега, со само една мала пауза не запрел.

Факт е дека и сега здрвствените системи се справуваат со пандемијата на ист начин како и во 1918 година. Карантините, одделувањето на оние кои покажуваат симптоми од другите кои се хронично болни, како и ограничувањето на пристапување до одредени области и забрана за движење се чекорите кои водат до згаснување на пандемиите. Нема друго.

Голем дел од мерките преземени за спречување на коронавирусот кои ги гледаме денес низ светот се директна последица од лекциите научени од шпанската треска. Согласно тоа е и односот во спортот.

И во периодот 1918-1919 година спортските активности не запреле со тоа што најпрво натпреварите се играле без публика, а потоа била задолжително исполнување на превентивните мерки за навивачите, како што е носење маска и соодветна дистанца. Единствената разлика е тоа што пред еден век низ периодот на пандемијата било задолжително носење маска и за натпреварувачите на терен.

Се вчитува...