Срамен потег – Германски бундеслигаш со дрон го шпиунирал противникот!

Од германскиот бундеслигаш Вердер Бремен признаа дека употребиле дрон за да го шпиунираат тренингот на нивниот последен противник во Бундеслигата, тимот на Хофенхајм.

„Се обидовме да собереме информации. Дронот го употребивме на кратко, ни за момент не полета надвор од игралиштетот. Немаше никаква опасност и не направивме ништо нелегално. Со Хофенхајм го рашивме случајот. Се извинуваме за инцидентот ако тој налутил некого на игралиштето“ – изјави спортскиот директор на Вердер, Франк Бауман.

Инцидентот се случил во вторникот, Вердер и Хофенхајм играа во средата, а натпреварот заврши без победник (1-1).

Од Хофенхајм соопштија дека дронот полетал над игралиштето за време на тренингот без дозвола и случајот го пријавиле во полиција.

Се вчитува...