Јасно беше дека Шпанија ќе биде селекцијата со поголем посед на топката, но се очекуваше Аргентинците да најдат начин барем да се заканат кон голот на Унаи Симон.
Не само што тоа не се случи, туку „гаучосите“ имаа неславен рекорд, прв финалист што го завршил мечот за трофејот без ниту еден упатен удар кон противничкиот гол по 90 минути игра.
Во продолжението, по примениот гол Аргентинците се обидоа да сторат нешто повеќе, имаа блокирани удари и еден непрецизен шут на Симеоне, но останува дамката од регуларните 90 минути во кои нивниот анемичен пристап го осиромаши овој фудбалски спектакл.
Впрочем, само една селекција (во два различни наврати) во историјата на светските првенства завршиле без шут на гол за 90 минути од мундијалски меч, Костарика против Бразил во групната фаза на СП 1990 и Костарика против Шпанија во 2002 година.
И сега, „големата“ Аргентина во големото финале на СП 2026 против Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
