Срамни сцени: Паредес тргна да го тепа Гави и доби црвен картон

Леандро Паредес влезе во игра во второто полувреме, набрзо доби жолт картон и направи бројни груби стартови во текот на финалето, но играчот за врска го допре дното по завршувањето на натпреварот, откако тргна да се пресметува физички со шпанските фудбалери.

Неколку минути по завршниот свиреж на судијата Винчиќ тој влезе во конфликт со еден шпански репрезентативец, а откако се вмеша Гави, Паредес реши физички да се пресмета со младиот фудбалер на Барса.

Се се случуваше пред очите на арбитрите, по што Винчиќ веднаш му покажа и црвен картон, за што Паредес го очекува суспензија.

Се вчитува...