Срамни сцени во Италија: Хулигани-навивачи на Бреша го прекинаа бараж-мечот, палеа автомобили на играчите… (ВИДЕО)

Срамни сцени на бараж-натпреварот за опстанок во Серија Б лигата во Италија меѓу Брешка и Козенца.

Откако гостите од Козенца израмнија на 1-1 во 95. минута, сето тоа значеше дека Бреша испаѓа во Серија Ц после четири децении. Со сето тоа не можеа очигледно да се помират домашните навивачи, па оние хулигански настроените влетаа на терен прекинувајќи го натпреварот.

Радикалните навивачи фрлајќи пиротехнички средства влетаа на терен, гостинските фудбалери се разбегаа, а натпреварот мораше да биде прекинат, со тоа што и дефинитивно Бреша се сели во Серија Ц.

Но, и прекинот на мечот не ги спречи хулиганите на Бреша кои и на терен и надвор од него се пресметаа со полицијата, запалиле и неколку автомобили до стадионот од кои еден и на фудбалер на Бреша.

Се вчитува...