Срамно деби на Вентура, Лацио повторно победи

Поранешниот италијански селектор Џампјеро Вентура имаше кошмарно деби на клупата на Киево, откако со овој тим беше посрамотен на домашен терен од Аталанта со убедливи 0-5. Од Вентура се очекуваше да го врати победничкиот дух во тимот и да се обиде да обезбеди опстанок, но веднаш станува јасно дека тоа ќе биде „невозможна мисија“, особено ако се знае дека Киево се уште е во минус по казната од пет бода со која ја стартуваше сезоната. Аталанта конечно ја прекина црната серија од пет меча без победа, во главна улога беше Иличиќ со хет-трик, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Де Рон и Госенс. Конечните 1-5 од пенал ги постави Бирса во 83. минута од натпреварот.

Лацио по огромна битка славеше на гостувањето против Парма со 0-2. Римскиот клуб поведе со голот што од пенал го постигна Имобиле на десет минути до крајот, а Кореа во 93. минута стави печат петтата победа на „лацијалите“ во последните шест калчолигашки натпревари.

Интересно беше и на дуелот меѓу Болоња и Торино, на кој домаќините се вратија од негатива од два гола за реми од 2-2, благодарение на погодоците на Сантандер и на Калабрези.

Резултати Италија:

Киево – Аталанта 1-5, Парма – Лацио 0-2, Болоња – Торино 2-2.

Се вчитува...