Срамно европско лето на Шкендија: И по три меча во Европа без гол, пораз и од Рига (ВИДЕО)

Продолжува разочарувачкото европско лето на македонскиот шампион Шкендија. Тетовци загубија со 2-0 на гостувањето од Рига во Летонија во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во новата УЕФА Конференциска лига.

Летонците дојдоа до предност со погодокот на Весли Ната уште во 13. минута од средбата…

 

Во второто полувреме Рига постигна нов гол за конечени 2-0 преку Јури Вакулко во 52. минута.

За Шкендија останува реваншот во Скопје за една недела како можност за поправање на впечатокот во Европа кој е повеќе од срамен. По три натпревари „црвено-црните“ се уште се без постигнат погодок, со вкупна гол разлика од 0-8 по двата дуели со словенечка Мура во квалификациите за ЛШ и денешниот на гостувањето против Рига.

Се вчитува...