Срамота: Свирежи во Букурешт при минутата молчење во чест на ќерката на Луис Енрике

Романските навивачи го навлекоа бесот на фудбалската јавност ширум Европа со срамното однесување пред самиот почеток на мечот во Букурешт против селекцијата на Шпанија.

Натпреварот почна со минута молчење во чест на починатата ќерка на екс-селекторот на Шпанија, Луис Енрике, но се претвори во „хор на свирежи“ од трибините.

Впечатокот беше поправен на крајот, кога можеше да се слушне аплауз во чест на деветгодишната Џана, чиј живот прерано згасна по загубената битка со тешката болест.

Се вчитува...