Астон Вила денеска осигура уште еден важен потпис, комплетирајќи го трансферот на Арон ван Бисака од редовите на Вест Хем. Поранешниот играч на Манчестер јунајтед минатата сезона испадна со Вест Хем, но не ја криеше желбата повторно да заигра во Премиер-лигата.
Вила преговараше со „чеканите“ и на крајот беше најден заеднички јазик, десниот бек доаѓа на едногодишна позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп следното лето во висина од 18 милиони фунти.
Фудбалерот кој настапуваше за Конго на последниот мундијал од денеска се приклучи на тренинзите на Унаи Емери и се очекува да биде во конкуренција за настап за самиот старт на сезоната.
Ван Бисака е шестиот летен трансфер на тимот предводен од Унаи Емери, откако претходно на „Вила Парк“ пристигнаа и Алехандро Гарначо, Зион Сузуки, Матео Руџери, Јохан Манзамби и Жоао Гомеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
