Се е подготвено за новата сезона во Премиер-лигата што ќе стартува вечерва со дуелот на „Емирати“ меѓу шампионот Арсенал и новиот премиерлигаш Ковентри.
Елитното англиско фудбалско друштво сосема оправдано важи за најсилна лига во светот, а конкуренцијата за титулата се чини никогаш не била поголема. Арсенал како бранител на трофејот повторно важи за фаворит, но неколку ривали покажаа амбиција на пазарот да ги симнат „топчиите“ од тронот на англискиот фудбал.
Вообичаено, најмногу пари во фудбалска Европа се трошат токму во Англија, a oва се десетте најскапи трансфери во Премиер-лигата летово.
На врвот се наоѓа Морган Роџерс, англискиот крилен фудбалер имаше сезона за паметење во Астон Вила, по што Челси плати дури 117 милиони фунти (135 милиони евра) за да го доведе на „Стемфорд бриџ“. Со тоа, Роџерс за само еден милион фунти стана најскап фудбалер во Премиер-лигата летово, уривајќи го рекордот што месец претходно го постави Манчестер Сити со потписот на Елиот Андерсон од Нотингем Форест.
Тотенхем е тимот што инвестираше најмногу пари летово, па третото и четвртото место им припаѓаат на „спарси“, Тонали пристигна од Њукасл за 92,5 милиони фунти, додека Фернандеш од испаднатиот Вест Хем беше платен дури 85 милиони фунти.
Дури и петтата позиција ќе им припадне на „спарси“ откако ќе биде официјализиран веќе договорениот трансфер на Савињо од Манчестер Сити, вреден почетни 80 милиони фунти.
Бруно Гимараеш со трансферот од Њукасл во Арсенал за 75 милиони се наоѓа на шестото место во ова рангирање, а седмата позиција повторно е за нов фудбалер на Тотенхем, овојпат дефанзивецот Ван Хеке кој пристигна од Брајтон за 52 милиони фунти. Истата сума ја плати и Челси на Кристал Палас за францускиот дефанзивец Лакроа, а 500.000 фунти помалку чини трансферот на новиот дефанзивец на Арсенал, Конса кој доаѓа од Астон Вила.
Листата од десет најскапи трансфери летово ја комплетира Манзамби, лиј потпис од Фрајбург ја чинеше Астон Вила 51 милион фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
