Србија добива нов првак – Партизан шокиран во полуфиналето

Србија ќе добие нов кошаркарски шампион откако Партизан неочекувано беше елиминиран од ФМП во денешното полуфинале против тимот на ФМП, губејќи со 79-92.

Федерацијата го промени форматот па шампионот на Србија се решава на фајналфор што се игра во Ниш, каде „црно-белите“ ослабени поради неиграњето на голем дел од странските кошаркари немаа одговор за расположениот состав на ФМП.

Тимот на ФМП имаше контрола, на одмор замина со „плус 11“, во третиот период имаше и 19 поени предност, но Партизан се врати и намали на „минус седум“. Во овој период дојдедо огромен конфликт по кој исклучени беа двата тренери, по што ФМП успеа да се консолидира и стигна до билет за финалето каде ќе се сретне со победникот од мечот Спартак Суботица – Црвена Звезда.

Барна ги предводеше стрелците на победничкиот тим со 26 поени, 17 постигна Стефановиќ, доодека најефикасни во таборот на Партизан беа Карлик Џонс со 17 и Лакиќ со 15 поени.

Се вчитува...